Сонот на скопјани станува реалност: Потпишан договорот за проектот за Бас Рапид Транзит превоз

Скопје од денес започнува да добива нов јавен транспорт, а идејното сообраќајно решение е веќе изготвено. Сонот на скопјани стар 40 години почнува да се исполнува. Поврзувањето ќе биде од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Времето потребно за да се помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде 35 минути односно двојно помалку отколку што беше досега потребно да се стигне од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Во рамките на ЕБРД овој проект е заведен како зелен проект, рече градоначалникот Петре Шилегов на потпишувањето на договор за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит превоз во Скопје.

Првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде долга 12,80 км во двата правци и дневно ќе превезува по 65.000 лица, ќе има 21 станица, два терминала во иднустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче, каде што ќе биде изграден новиот терминал.Новиот Бас Рапид Транзит превоз ќе биде на хибриден погон и ова е проект на зелените градови, во кои дел е и градот Скопје.

Според првичните проценки, вкупниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса е околу 65 илјади луѓе дневно.

Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека потпишувањето на финансирањето на проектот е многу важен проект.

– Проектот ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните, побрзо ќе може да се стигне до посакуваната дестинација, а и поекономично. Рокот за исплата е 15 години, со грејс период од четири години, изјави Бесими.

На потпишувањето на проектот, Фатмир Бесими, Министер за финансии на Северна Македонија изјави дека кога‌ ‌иницијативите‌ ‌за‌ ‌создавање‌ ‌„зелена”,‌ ‌поинклузивна‌ ‌и‌ ‌одржлива‌ ‌економија‌ ‌ќе‌ ‌се‌ ‌совпаднат‌ ‌со‌ ‌напорите‌ ‌за‌ ‌економско‌ ‌заздравување‌ ‌од‌ ‌Ковид‌-19 ‌кризата,‌ ‌придобивките‌ ‌за‌ ‌македонската‌ ‌економија‌ ‌се‌ ‌повеќекратни.‌ ‌

-Европската банка додели заем од 70 милиони евра, 48 за линијата број 1 и 22 за линијата број 2, од Пинтија до Бутел, додаде Бесими.

– Движењето ќе биде без застој, на посебни одвоени линии, а автобуски постојки ќе има на секои 600 метри. Во моментов правиме проектантските решенија, ние ќе соработуваме со градот Скопје и со стручни лица да се направи најдоброто решение, и да може да се реализира и таму каде што тесни улици. Новиот автобуски превоз ќе можат да го користат и лицата со попреченост, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Заемот од ЕБОР  од 70 милиони евра ќе биде во две транши. Првата транша во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1, односно исток-запад, и втората транша во износ од 22, 4 милиони евра за финансиркање на линија 2 односно од југ до север. Имено, целиот проект ќе чини 70 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот