ФОТО | Во пожарот кај Визбегово горат стари коли на приватен имот
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека во тек е интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде, како што вели, запален е приватен имот на кој биле складирани стари автомобили. Претходно, како што потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, беше објавено дека станува збор за пожар на отпадот во Шуто Оризари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
ВИДЕО+ФОТО | Гори отпадот во Шуто Оризари – густ чад се гледа оддалеку – Слободен печат
Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот, вели Ѓорѓиевски.
„Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а за случајот се информирани Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за животна средина, како и Јавното обвинителство. Апелираме до граѓаните за смиреност, внимателност и почитување на насоките на надлежните служби. Состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот да биде ставен под контрола, да се заштитат граѓаните и да се утврди одговорност за настанатата состојба“ напиша Ѓориевски на Фејсбук.

Тој нагласи дека Градот Скопје нема да дозволи неодговорното однесување и создавањето диви депонии да го загрозуваат здравјето на граѓаните и животната средина.
„Секој што го загрозува јавниот интерес, мора да сноси одговорност!“ посочи градоначалникот на Скопје.


