Зошто баш таа поза? Експерт открива зошто Вилијам и децата ѝ свртеле грб на Кејт на новата фотографија која таа ја направила

Фото: Instagram / princeandprincessofwales

Принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис со емотивна порака му го честитаа Денот на таткото на својот татко, принцот Вилијам. Покрај фотографијата направена од нивната мајка, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон пишуваше: „Те сакаме, тато. Среќен ден на таткото“.

Кејт ги фотографираше децата и сопругот на почетокот на оваа година на брегот на Норфолк, додека се гушкаат и гледаат кон морето.

Сега, експертот за говор на телото Џуди Џејмс вели дека оваа сцена е увид во нивната интимна врска во семејството и дека „плачат“ за мир, пишува „Дејли мејл“.

„Погледот на морето делува смирувачки, а Вилијам и неговите деца изгледаат изолирано и полни со љубов“, рекла Џејмс, додавајќи дека позата на фотографијата метафорично означува гледање во својата иднина со чувство на единство.

Како што вели експертот за говор на телото, оваа фотографија го прикажува односот помеѓу родителите и нивните деца кои полека растат.

„Тоа би можело да ја наговести иднината на семејството каде децата растат, го напуштаат семејното гнездо. Рацете на Вилијам околу децата ја означуваат заштитата што тој им ја дава беспрекорно, а токму таков ќе биде и принцот Џорџ“, објаснила Џејмс.

Во саботата, Кејт Мидлтон го направи своето прво јавно појавување откако ѝ беше дијагностициран рак, на Роденденската парада за кралот Чарлс. Таа пристигна со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и децата.

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот