ЗНАМ ги отвора вратите за сите членови на СДСМ кои сакаат да ја напуштат партијата

Никола Мемов/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

СДСМ ниту од далеку не ја прими пораката на последните парламентарни избори и продолжува да биде партија која е узурпирана од една корумпирана група на луѓе кои ја држат партијата во заложништво, исклучиво за сопствена заштита од сторениот криминал за 7-годишното владеење. Во СДСМ членуваат чесни и способни луѓе кои ја сакат државата, но партијата повеќе не припаѓа на членството и максимата „Или си СДСМ или не си“ нема никакво значење, смета портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов.

Мемов денеска на прес-конференција порача дека на Македонија ѝ треба здрава, способна и чесна опозиција која ќе ја коригира власта, а не лидер како Венко Филипче, за кого смета дека е продолжена рака на кланот на Заеви.

– Заради неспособното и криминално владеење тие на последните избори го доживејаа најголемиот пораз од своето постоење, а денеска сме сведоци дека продолжуваат со истиот пристап и истите луѓе кој ги водат кон нов изборен дебакл на следните локални избори – изјави портпаролот на ЗНАМ.

Тој додаде дека е отворена поканата за прием на сите членови на СДСМ кои сакаат да преминат во ЗНАМ, а тие ќе гарантираат дека работите нема да бидат исти во Македонија.

– Има интерес од голем број на членови и функционери да преминат во ЗНАМ. Кај нас има членови и од СДСМ и од други партии, но и луѓе кои досега не биле дел од некоја партија – заклучи Мемов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот