Знаци дека вашето тело е полно со токсини: Како да ги отстраните отровите?

Фото: Профимедиа

Токсините се таложат во телото од храната и пијалоците што ги консумираме, но и преку кожата и воздухот што го дишеме. Кога оваа количина ќе стане премногу, телото страда. Во тој момент потребно е да се исчисти телото. Добро е да му дозволите на варењето малку да одмори за подоцна подобро да функционира. Колку е подобро варењето, толку сме поздрави.

Луѓето кои имаат вишок на токсини во телото ги чувствуваат мирисите посилно бидејќи нивните сетила се поакутни.

Ова се симптомите дека вашето тело е полно со токсини и плаче за чистење:

Се чувствувате сити и надуени

Ако телото не може правилно да го исфрли отпадот, се јавуваат проблеми. Движењето на дебелото црево треба да се врши најмалку еднаш дневно. Имено, доколку отпадните материи не го напуштат телото, може да се вратат во крвотокот и да направат проблеми. Надуеноста е најчест симптом на премногу отров во организмот, особено ако тоа трае долго.

Не можете да спиете правилно

Тешко ви е да заспиете или често се будите навечер, па следниот ден сте изморени.

Имате лош здив

Кога цревата и црниот дроб не можат правилно да се ослободат од отровите, тогаш може да има и непријатен мирис од устата бидејќи бактериите се таложат на јазикот.

Јазикот ја сменил бојата

Тој стана белузлав или жолтеникав, што е предизвикано од таложење на бактерии.

Чувство на топлина

Еден од природните начини на кои телото се ослободува од токсините е потењето. Кога во вас има премногу штетни материи, вашето тело почнува да се „прегрева“ во обид да ги исфрли со потење. Затоа секогаш можете да се чувствувате како да ви е топло, дури и кога надвор е ладно.

Како да ги отстраните токсините од телото?

Сауната е одличен избор бидејќи добрата пот ги исфрла токсините од телото. А постот е еден од начините да си го олесните телото и да му дадете можност малку да се одмори.

Идеално би било да се пости еднаш неделно и да не внесува ништо освен вода во телото. Постот завршува на вториот ден наутро со пиење свеж сок од овошје или зеленчук. Подоцна истиот ден се јаде лесна супа, а навечер варен зеленчук.

Јадењето одредена храна исто така помага. Тоа се намирници кои ги врзуваат токсините за себе и на тој начин помагаат да се исфрлат од телото. Тоа се коријандер, брокула, алги… За коријандерот се вели дека е еден од најдобрите средства за чистење на организмот од токсини и тешки метали. Додадете го на речиси се што ќе подготвите, пишува Крстарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот