Значителен пад на продажбата на пестициди во ЕУ

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека во 2022 година биле продадени околу 322.000 тони пестициди, што е за 10 отсто помалку од продадената количина една година претходно.

Забележан е фрапантен пад на количината на пестициди што се продаваат во ЕУ, најмногу поради тоа што нивните цени се зголемија, објави Евростат, пишува Политика.

Заводот за статистика на ЕУ наведува дека во 2022 година биле продадени околу 322.000 тони пестициди, што е за 10 отсто помалку од продадената количина една година претходно. Од бројните пестициди што се користат во ЕУ, најголем обем на продажба имаа фунгицидите и бактерицидите со 43 проценти од обемот на продажба во 2022 година, потоа хербицидите (35 проценти), потоа инсектицидите и акарицидите кои се користат против грини и крлежи (14 проценти). Од земјите на ЕУ, најголем удел на продадени пестициди е регистриран во Франција (21 процент), Шпанија (18), Германија (15) и Италија (14), а овие земји се и водечки земјоделски производители во ЕУ. Имаше и неколку земји од ЕУ кои забележаа голем пад на продажбата на пестициди меѓу 2011 и 2022 година, како што се Италија (37 проценти), Португалија (36) и Грција (33), според Евростат.

И покрај ваквите податоци, во мај минатата година беше објавено дека европското земјоделство сè уште се потпира на големи количества пестициди за приносите на земјоделските култури и дека продажбата на хемикалии практично остана иста во изминатата деценија.

Пестицидите се користат во шумарството, во изградба на патишта, железници, во градини, јавни паркови … Сепак, на крајот на минатата година Европскиот парламент го отфрли планот за намалување на употребата на хемиски пестициди за 50 отсто до 2030 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот