Злато за Сандев, сребро за Василевски на таеквондо турнирот во Софија

фото: Taekwondo Klub Feniks-Kik

Македонскиот таеквондо клуб „Феникс-Кик“ учествуваше на силен меѓународен натпревар во Софија, Бугарија.

На 10-от „Рамус Опен“ имаше повеќе од 1000 натпреварувачи, а „Феникс-Кик“ настапи со шест таеквондости.

Беа освоени два медали, Иво Сандев во категоријата -68 кг. кај сениорите се закити со златниот медал.

Во кадетска конкуренција Дамјан Василевски (категорија -33 кг.) дојде до среброто.

Како што најавија од клубот, следниот викенд е настапот на „Охрид Опен“.

Минатиот месец „Феникс-Кик“ беше дел од силниот меѓународен турнир во Ниш, Србија, каде успеа да освои 11 медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот