Злато за Катерина Ацевска, Македонија со три медали на Балканското првенство во џиу-џицу

фото: Македонска Џиу - Џица Федерација

Одлични вести доаѓаат од Балканското првенство во џиу-џицу во Романија. Македонија има балкански шампион, а тоа е Катерина Ацевска во сениорска конкуренција во категоријата +70 кг.

Нашата земја има и балкански вицешампион, тоа е Антонио Стојчески У18 во категоријата -68 кг кој во многу тешка конкуренција од 19 борци се закити со сребрениот медал.

Исто така пиедестал за трето место и бронзен медал освои и Данил Николиски во У21 -56 кг.

Одлични борби прикажа и Зоран Колевски во У18 -62 кг кој и покрај двете победи не успеа да се закити со медал и заврши на деветтото место од 14 борци.

Од џиу-џица Федерацијата на Македонија објавија дека следуваат уште два контролни турнири пред Светското првенство на 28.10.2024 во Крит, а тоа се турнирите во Бања Лука (28.09) и Источно Сараево (18.10).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот