Злате Мехмедовиќ ќе биде нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација

Др. Злате Мехмедовиќ / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Доктор Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Официјална потврда од Министерството за здравство сè уште нема, но добро упатени извори за МИА потврдија дека Мехмедовиќ ќе биде назначен на оваа функција.

Мехмедовиќ е портпарол на Комисијата за заразни болести. Роден е на 18 ноември 1976 година. Бил поранешен директор на Здравствниот дом на Скопје и поранешен претседател на Македонското здружение за медицина на трудот. Работи како координатор на Надзорниот одбор за реформи во ПЗЗ, координатор за дигитализација во здравството, национален координатор на Светската здравствена организација за ПЗЗ, национален координатор на СЗО за човечки ресурси во здравството и национален координатор на СЗО за тимовите за ургентни состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот