Животната приказна на Мерил Стрип: Саканиот ѝ починал од рак, а по шест месеци стапила во брак со друг

Фото: Profimedia

Мерил Стрип, која е родена на денешен ден во 1949 година, првпат го запознала Дастин Хофман кога биле на аудиција за претстава. Тој гласно подригнал и ја зграпчил за градите, што ѝ било вистински шок на актерката, пишува „Стил“.

Иако навидум не била привлечна девојка, Стрип имала силен карактер кој го изградила благодарение на поддршката од нејзината мајка која секогаш ѝ велела: „Можеш да правиш што сакаш“.

Благодарение на оваа реченица, Стрип го постигна невозможното во светот на глумата. Таа освои сè што може да се освои, додека признанијата за улоги само продолжуваат да доаѓаат.

Таа не го променила првиот впечаток за Дастин Хофман ни до денес, а во една прилика изјавила: „Она што Дастин навистина сака е да се породи, но сепак му е драго што има пенис“.

Мерил Стрип во младоста / Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Мерил Стрип никогаш не бегала да биде таква каква што е, отворена и директна жена која ги знае нејзините вредности.

„Мери (мајка ѝ) уште од раѓање ми кажа дека можам да бидам што сакам и тоа ме направи арогантна“, рече актерката која беше номинирана за Оскар повеќе од дваесет пати.

Кога била во основно училиште, често ја опишувале како „грдо мало дете со голема уста“. Самата актерка признава дека во основно училиште немала многу пријатели. Таа сакала да глуми уште од самото раѓање, а она што навистина го сакала е да биде популарна. Кога се запишала во средно училиште, почнала да ја глуми улогата на „популарна девојка“.

„Сакав да научам како да бидам привлечна. Сето тоа беше за привлекување момчиња и да бидам прифатена од девојките во исто време, тоа беше многу тешка задача“, рече таа.

Вуди Ален и Мерил Стрип во филмот „Менхетен“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Стрип имала само два пријатели во средно училиште, а еден од нив бил нејзин братучед.

„Зависта е нешто што ја следеше Мерил во текот на нејзината кариера, професорите од драмската школа се обидоа да ја скршат, додека филмските критичари сакаа да ја видат како паѓа, за некоја убавица да го добие тој Оскар, а не актерка која изгледа како мајка од предградие“, пишува. еден биограф.

По дипломирањето, таа глумела во неколку проекти, но морала да работи на привремени и чудни работи за да ја плати киријата во Њујорк. Така таа со години била шанкера, курирка на велосипед, па дури и модел.

Стрип добила улога во „Мерка за мерка“ („Measure for Measure“) во 1976 година, каде го запознала актерот Џон Казале, во кој лудо се заљубила. Двојката изнајмила стан и почнале да живеат заедно, но една година подоцна Казале се разболел од рак и починал во 1978 година.

„Тој беше како дел од моето тело. Ми беше многу тешко. Во исто време, сето тоа ми помогна да составам некои работи во мојата глава и да разберам што е важно, а што е сосема неважно“.

Џон Казале / Фото: Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

Тие биле заедно во лекарската ординација кога докторот им кажал дека Казале боледува од рак на белите дробови во завршна фаза и дека ништо повеќе не можат да направат за него.

„Каде ќе одиме на вечера?“, го прашала пред докторот и покажала дека не планира да се откаже од животот и надежта.

„Мојот сакан е тешко болен и одвреме-навреме е во болница, како што е и сега. Тие прекрасно се грижат за него, но постојано се грижам и постојано се преправам дека сум весела, што психички, физички и емоционално ме исцрпува повеќе од сè во мојот живот“, се доверила Стрип во писмо кое го испратила до нејзиниот професор по драма на Јеил.

Од првиот момент биле заедно и останале заедно до крај. Заедно оделе на сите прегледи и третмани, а надежта ни секунда не ја напуштила. Таа ја вложила сета сила за да се грижи за него во тие месеци.

На почетокот на март, Казале бил примен во болница, а ноќта на 12 март, лекарот ја известил Стрип дека нејзиниот партнер починал.

Стрип потоа се фрлила врз неговото тело и со сета сила го удирала по градите, гушејќи се во сопственото липање. А потоа во секунда, Казале ги отворил очите за последен пат и со слаб глас ѝ рекол: „Во ред е, Мерил, во ред е“. Ги затворил очите и починал.

Мерил Стрип и Дон Гамер / Фото: /Newscom / Newscom / Profimedia

Неговата смрт ја погоди познатата актерка и таа едноставно не можела да остане и да живее во станот во кој живееле. Тогаш пријателот на нејзиниот брат, Дон Гамер, ѝ го понудил неговиот стан да живее додека таа не застане на нозе бидејќи тој во тоа време патувал низ светот.

„Мерил беше во ужасна состојба поради смртта на Џон и само така можев барем малку да ѝ помогнам. Набрзо сфатив дека се заљубив во неа“, признал подоцна Гумер.

Се чини дека љубовта била обострана, бидејќи на сечие изненадување, само шест месеци подоцна, во септември 1978 година, парот се венчал. Свадбата се одржала во градината на нејзината семејна куќа.

„Се разбира дека не сум ја надминала смртта на Џон, но морав да продолжам да живеам, а Дон ми покажа како“, изјави отпосле актерката.

Мерил Стрип и Џон Ајронс во „Куќата на духовите“ / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

На деловен план, Стрип продолжла да реди успеси. Актерот Џереми Ајронс, кој глумеше со неа во филмот „Куќата на духовите“ („The House of the Spirits“), го изјави следново: „Денот кога ја снимавме љубовната сцена, Мерил и јас имавме афера. А кога камерата се исклучи, нашата врска престана“. Стрип била толку убедлива.

Актерот и продуцент Мајк Николс изјави: „Таа едноставно станува таа личност во улогата толку многу што сите околу неа забележуваат и реагираат на нејзината глума. Таа ја менува хемијата на сите нас. Никогаш не сум видел некој друг да го прави тоа“.

Мерил Стрип и Роберт Редфорд во „Моја Африка“ / Фото: – / SNAP / Profimedia

Стрип лично го обожавала Роберт Редфорд и рече дека тој е најдобриот актер што некогаш го запознала. За време на снимањето на „Моја Африка“ („Out of Africa“) се шпекулираше дека тие двајца се во врска, но како што тврдеа и двајцата, тоа никогаш не се случило.

Џек Николсон исто така се заљубил во Стрип за време на снимањето на филмот и бил толку демонстративен во љубовта што таа еднаш морала да го исфрли од хотелската соба. Таа ветила дека никогаш повеќе нема да сними ниту еден филм со него.

Минатата година, медиумите ја пренесоа веста дека Стрип се разделила од сопругот Дон Гамер. По 45 години брак, парот одлучи дека е доволно.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да не живеат заедно“, рече портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот