Жените во ЕУ сѐ покасно го раѓаат првото дете

Unsplash
Бебе/ фото: МИА

Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА.

Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат.

Европското статистичко биро, меѓутоа, наведува дека има варијации од регион до регион.

Жените во Шпанија и Италија првото дете го добиваат на 31,6 години, потоа Луксембург со 31,3 години и Ирска со 31,2 години.

Спротивно на нив, жените во источноевропските држави го добиваат своето прво дете релативно рано, при што жените во Бугарија формираат семејство на просечна возраст од 26,5 години.

Властите наведуваат дека за да се задржи сегашната големина на населението жените ќе треба во просек да имаат по 2,1 дете, без да се земе предвид имиграцијата. Меѓутоа, додава ДПА, жените во сите земји-членки на ЕУ во 2021 година во просек имале по 1,53 дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот