Жената врз која падна дрво е во стабилна состојба

Фото: Принтскрин

Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје.

„Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што е однесена на опсервација на клиника. Треба да се направат снимки за да се види дали има некаква фрактура, појасни тој за МИА.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силниот ветер, попладнево има паднати дрвја на неколку локации низ главниот град на државава.

Синоптичарите за остатокот од денот најавија пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час.

ВИДЕО | Дрво падна врз автомобил во населба Пролет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот