Жена пронајдена почината во училиштето во кое работела

Училница / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

50-годишна жена, која била вработена во училиште во Илинден, вчера попладне била пронајдена почината во една од училниците, соопшти полицијата.

„Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето“, пишува во полицискиот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот