Земјотресот ја принудува албанската Влада да се задолжи за 560 милиони евра

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Извори од мнистерството велат дека и финансирањето на проекти за изградба на објектите настрадани во земјотресот бара зголемено јавно задолжување, што го прави неизбежно забрзувањето на процесот на задолжување на меѓународните пазари.

Албанската Влада во мај ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 560 милиони евра, јави телевизија Клан.

Истиот извор наведува дека според пресметките на Министерството за финансии и економија, потребите се поголеми споредено со пресметките направени при изготвувањето на буџетот за 2020 година, како резултат на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во ноември минатата година.

-Еврообврзницата првично било планирано да биде во висина од 500 милиони евра, а сега се водат дискусии за зголемување на износот со други 60 до70 милиони евра. Конечната висина ќе се знае на крајот на февруари, по меѓународната донаторска конференцијата што ќе се одржи на 17 февруари во Брисел,наведува телевизијата.

Во моментов, Министерството за финансии е пред договор со правно студио кое ќе обезбеди техничка помош за привлекување инвеститори, додека на почетокот на мај, ќе се излезе на пазарот со еврообврзницата.

Извори од мнистерството велат дека и финансирањето на проекти за изградба на објектите настрадани во земјотресот бара зголемено јавно задолжување, што го прави неизбежно забрзувањето на процесот на задолжување на меѓународните пазари.

Ова ќе биде четврта евтообрзница со која се задолжува Владата. Првпат тоа беше во 2010 година кога позајми 300 милиони евра, вторпат во 2015 година кога Албанија со еврообврзница позајми 450 милиони евра со камата од 5,75 проценти, а кој треба да се подмири оваа година. Последен пат се задолжи во 2017 година со 500 милиони евра,со каматна стапка од 3,55 процени и рок на враќање пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот