Земјотрес во близина на Гостивар

Земјотрес / Фото: Илустрација

Земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во земјава во 12:15 часот по локално време, информираат од Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 19 километри југозападно од Гостивар.

Фото: ЕМСИ, принтскрин

Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.

Ова е втор земјотрес денеска. Првиот со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше регистриран во 02:02 часот. Земјотресот бил на 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од седум километри.

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот