Земјата што ќе ја симне Франција од тронот: До 2040 година ќе стане најпосетуваното место во светот

Фото: Tommie Hansen / Flickr

Франција – со својот шарен пејзаж на необични рурални села, гламурозни приморски градови и историски градови – е лесно достапна дестинација во текот на целата година и ги привлекува посетителите од целиот свет во својот совршен спој на култура, историја и шарм.

Затоа, не е изненадувачки што извештајот на ГлобалДата (GlobalData) за 2023 година објави дека е на пат да стане најпосетувана земја до 2025 година, кога се предвидува 93,7 милиони меѓународни патници да ја посетуваат земјата годишно.

Меѓутоа, нејзината позиција на првото место може да биде краткотрајна, бидејќи според извештајот насловен „Патници и дестинации на следните генерации“, кој заеднички го спроведоа Гугл и Делојт постои уште една земја што ќе привлече уште повеќе посетители до 2040 година, а тоа е Шпанија, пишува „Конде Наст травелер“ (Conde Nast Traveller).

Во моментов на второто место, европската дестинација Шпанија – веќе позната по своите хотели поволни за семејства, песочните плажи во боја на мед и безброј можности за уживање во храната – се предвидува дека годишно ќе пречекува 110 милиони туристи на своите брегови.

Фото: Wikimedia Commons

Следуваат Франција (105 милиони) и САД (100 милиони).

И не е тешко да се разбере зошто ова ќе се случи. Со просек од 300 сончеви денови годишно, Шпанија е особено популарна кај Британците кои се во можност да си купат поволни авионаски карти. Во текот на летните месеци, температурите може да се искачат до високи 30, па дури и зимите овде доаѓаат со здрава доза на витамин Д.

Прогнозата од 110 милиони посетители би значела зголемување од над 24 отсто, при што околу 84 милиони луѓе ќе се упатат кон Шпанија – што е веќе рекордна бројка за регионот – ова поттикна отворање на голем број нови ресторани, барови и хотели за да се угостат сè поголемиот број туристи.

Фото: Flickr

Шпанија годинава само во март ја посетиле 6,3 милиони меѓународни туристи, 21 отсто повеќе отколку во истиот период во 2023 година, покажуваат податоците што ги објаби Националниот институт за статистика (ИНЕ). Земјата, исто така, го собори својот рекорд во туристичката потрошувачка во текот на истиот месец, со странските посетители кои донесоа речиси 8,65 милијарди евра, што е зголемување од 29,7 отсто во однос на март минатата година.

Засега, меѓутоа, Франција останува најпосетувана земја во светот. Како што вели Хана Фри, аналитичар за патувања и туризам во ГлобалДата: „Заедно со Италија и Шпанија, Франција претставува значаен сегмент на растот во Западна Европа. Земјата не е популарна само меѓу патниците од самата Европа – особено од Велика Британија, Германија и Белгија – туку е популарна и меѓу посетителите од подалечните земји, вклучувајќи ги Кина и Соединетите држави. Всушност, Франција е една од врвните западноевропски дестинации за американските патници“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот