Зеленски загрижен за економската безбедност на Украина по 2024

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, по состанокот во Киев со германската канцеларка Ангела Меркел, денеска изјави дека се уште не разбира кој ќе и даде гаранции на неговата земја за економска безбедност по 2024 година, кога истекува договорот за транзит на руски гас кон Европа.

“Разговаравме со канцеларката за продолжување на договорот за транзит на гас преку украинска територија по 2024 година. Сепак, мислам дека засега сите овие се општи места. Сакам да знам што ќе добие Украина и што може да изгуби по истекот на договорот во 2024 и кој може да обезбеди конкретни гаранции за Украина “, рече Зеленски, пренесува ТАС С.

Зеленски потврди дека украинскиот, германскиот и американскиот министер за енергетика ќе се состанат во Киев и оцени дека тогаш може да се постигнат поконкретни договори.

– Можеби тоа може да биде премин кон зелена енергија и „зелена стратегија“, но секако, потребни се многу пари и многу време “, рече Зеленски.

Во декември 2019 година, Москва и Киев постигнаа договор за продолжување на транзитот на руски гас преку Украина од 2020 до 2024 година, со можност за продолжување на тој договор.

Договорот предвидува транзит на 65 милијарди кубни метри гас во 2020 година и 40 милијарди кубни метри годишно од 2021 до 2024 година. Минатата година 55,8 милијарди кубни метри гас транзитираа низ Украина, што е најмалку во последните 30 години.

Извршниот директор на рускиот гасен гигант „Гаспром“, Алексеј Милер, пред новинарите изјави дека не е исклучено транзитот на гас преку Украина да биде уште поголем по 2024 година, во зависност од пазарните услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот