Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Володимир Зеленски на Генералното Собрание на ОН EPA-EFE/JUSTIN LANE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е првпат рускиот лидер Владимир Путин да му се заканува на светот со можна употреба на нуклеарно оружје и дека „никој не знае што му е на ум“.

Тој нагласи дека не може точно да знае кои се намерите на рускиот претседател.

„Ниту еден нормален човек не може едноставно да дојде во Украина и да го прави тоа што го направи. Мислам дека го сака својот живот и начинот на кој управува со животите на другите. Затоа мислам дека треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје. “, рече Зеленски.

На 25 септември Путин предложи проширување на државната политика во однос на употребата на нуклеарно оружје, пренесува Спутник.

„Во изменетата верзија на документот, агресијата врз Русија од која било ненуклеарна држава, но со учество или поддршка на нуклеарна држава, ќе се смета за нивен заеднички напад врз Руската Федерација“, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот