Зеленски: Украина изгуби огромен дел од капацитетите на енергетската инфраструктура

Фото: Собрание на РСМ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека поради руските напади, неговата земја изгубила околу 80 отсто од капацитетот на енергија од термоелектраните и една третина од енергијата од хидроелектраните.

– Затоа постојано ги потсетуваме сите наши партнери: само доволен број висококвалитетни ПВО системи и само доволна решителност на светот во целина може да го запре рускиот терор, рече Зеленски.

Киев, исто така, возврати на Русија со свои воздушни напади, често насочени кон енергетската инфраструктура.

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во Днепар, откако руските удари синоќа ги уништија горните четири ката на станбена зграда, изјави регионалниот шеф Сергиј Лисак.

Нападите се случија додека Русија се обидува да ги исцрпи украинските ресурси, често гаѓајќи енергетски објекти и друга витална инфраструктура.

Лисак рече дека нападот во Днепар покажува дека на Украина ѝ се потребни повеќе противвоздушни одбранбени системи. Украинските воздушни сили соопштија во саботата дека за време на ноќта собориле 10 руски дронови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот