Зеленски и Дуда случајно се сретнале на аеродром, разговарале за иднината и билатералните односи

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска при враќањето од САД на аеродромот Жешов-Јасионка на југоистокот на Полска се сретна со својот полски колега Анджеј Дуда.

„На враќање, сретнав пријател на Украина, полскиот претседател Анджеј Дуда“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Зеленски рече дека тој и неговиот полски колега разговарале за изминатата година и стратешките планови за иднината и билатералните односи.

Украинското претседателство прецизираше дека средбата се одржала во Жешов, во југоисточна Полска, транзитен град за голем дел од помошта наменета за Украина, чиј аеродром е заштитен од американскиот воен контингент, а Зеленски оттаму отпатувал за Вашингтон.

Средбата беше одржана еден ден по посетата на Зеленски на Вашингтон, што беше негово прво патување во странство од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот