Зеленски скептичен за преговори со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази екстремен скептицизам во врска со преговорите со Русија за ставање крај на тековната војна меѓу двата соседа, јави ДПА.

Русија „врши меѓународно злосторство“, рече Зеленски пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

– Затоа оваа војна не може едноставно да згасне. Затоа оваа војна не може да се смири со разговори. Потребна е акција – рече Зеленски.

– Од првата секунда од оваа војна, Русија прави работи што не може да се оправдаат според Повелбата на ОН – нагласи украинскиот лидер.

„Рускиот претседател Владимир Путин прекрши толку многу меѓународни норми и правила што нема сам да застане, Русија може само да биде принудена на мир, а тоа е токму она што е потребно“, изјави Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот