Зеленски: Ситуацијата на фронтот е многу тешка
Украинскиот претседател Зеленски во понеделникот рече дека ситуацијата на првата линија на војната со Русија, која трае повеќе од две и пол години, е „многу, многу тешка“ и дека украинските сили мора да направат се што можат во текот на есенскиот период.
„Ситуацијата е многу, многу тешка“, рече тој во своето видео обраќање преку ноќ, осврнувајќи се на два и пол- часовна средба со највисоките команданти.
Се може да се направи оваа зима, се што можеме да постигнеме мора да се постигне сега“, рече тој.
Украинските воени блогери изминатите денови објавија дека руските сили напредуваат кон градот Вухледар, кој за време на војната го бранеа украинските сили, на југот на регионот Доњецк.
Руските сили, исто така, со месеци полека напредуваат на север, со цел да го заземат целиот регион Донбас, кој се состои од Доњецк и Луганск.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека нивните сили го зазеле селото Нелипивка, јужно од градот Торецк, една од целите на Русија во таа област.