Зеленски: Русија има доволно проектили за неколку големи напади

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија има доволно залихи на проектили за да изврши уште неколку големи напади врз Украина, јавува Анадолија.

Зеленски изутринава и се обрати на нацијата во видео-порака споделена на неговиот профил на Телеграм, коментирајќи го ракетниот напад на руските сили врз важните инфраструктури на Украина.

– Повеќе од 40 терористички ракети се уништени во централните региони на земјата и во близина на Киев – рече Зеленски.

Тој соопшти дека тројца цивили загинале, а десетмина се повредени како резултат на проектил кој погодил куќа во градот Криви Рих.

Наведувајќи дека поради нападот дошло до прекин на струја во 14 региони, Зеленски рече дека во Киев и околните градови е прекинато водоснабдувањето.

Тој ги повика меѓународните партнери да ѝ снабдат на Украина системи за противвоздушна одбрана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот