Зеленски остро му одговори на Путин: Да бевме ист народ, сега во Москва ќе се вееше украинско знаме

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија и Украина имаат многу заеднички нешта, но тие не се еден народ. Зеленски за украински Интерфакс бурно реагираше на изјавата на Путин дека Русите и Украинците се еден народ, наведувајќи дека доколку тие биле исти народ, во Москва ќе се веело жолто-сино знаме, како и дека украинското лидерство, а не и народ, е непријателски расположен спрема Русија.

„Имаме заеднички дел на историја, сеќавања, соседтсво, роднини, заеднички победи над фашизмот и заеднички трагедии. Но доколку би биле Русите и Украинците еден народ, сега во Моска најверојатно, би владеела украинската хривнија, а над Државната дума би се веело жолто-сино знаме“ изјави Зеленски, се вели во соопштението на амбасадата на Украина во Белград.

Во негови зборови, двете земји би требале да имаат заедничка цел, а тоа е крај на војната во Донбас.

„Невозможно е истовремено да се говори за еден народ и отворено да ни ги превземаат нашите територии и да продолжат со војната во Донбас. Тоа е многу очигледно“ стоеше во изјавата на Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот