Зеленски му подава рака на Путин: Подготвен сум за директни разговори

Владимир Зеленски, Владимир Путин / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно му понуди одржување на директни разговори на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.

– Дипломатијата ќе започне  кога ќе седнеме на преговарачка маса, рече Зеленски пред новинарите во Киев.

Тој изјави дека е подготвен на разговори во било кој формат.

Зеленски напомена дека веќе две и пол години е подготвен за директни разговори, а тоа ќе се случи штом Русија јавно каже дека и таа е подготвена за тоа.

Претседателот на Украина посочи дека Русија „освен јавната позиција, во реалноста не е подготвена за разговори со Киев“.

– Верувајте, секогаш кога ги земаме предвид тие изјави во медиумите и на еден или друг начин бараме од Русија таа средба да се одржи во кој било формат – нагласи Зеленски.

Зеленски претходно изјави дека не ја исклучува можноста за средба со Путин, кој нагласи дека ако тоа значи да се зборува за Донбас, тогаш Киев прво треба да разговара со властите на самопрогласените републики во источна Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена за посетата на Зеленски за да разговара за нормализација на односите, но дека е неопходно Зеленски да стапи во контакт со Контакт групата за изнаоѓање решенија во Украина доколку има намера да разговара за прашањата за Донбас, потсетува ТАС.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Киев во неколку наврати понудил средба меѓу Зеленски и Путин, но дека тоа нема смисла, бидејќи прашањето за Донбас треба да се разговара со жителите на тој дел на Украина.

САД и Британија објавуваат разузнавачки податоци во обид да ја одбијат руската инвазија на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот