Зеленски го претстави „планот за победа“ на делегација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

Украинскиот претседател Володимир Зеленски/EPA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги претстави клучните точки од „планот за победа“ за време на средбата со делегација на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес составена од претставници на републиканците и демократите.

Веста за оваа средба Зеленски ја објави на својот фејсбук- профил, наведувајќи дека ги претставил клучните точки од планот што ќе овозможи зајакнување на Украина на патот кон мирот.

„Ние сме во одлучувачки момент во оваа војна. Затоа ни треба навистина силен притисок и силна позиција на Украина“, рече украинскиот претседател.

На средбата се разговарало и за ситуацијата на фронтот, за заштитата на енергетската мрежа, како и за подготовките на Украина за зимата.

Зеленски им се заблагодари на САД за поддршката на Украина, додавајќи дека таа ги спасува животите на украинскиот народ и помага да се заштитат независноста и слободата на таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот