Зеленски: Доколку Западот го остави Киев на цедило, ќе ја создадеме најмоќната армија во Европа

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина ќе биде принудена да ја создаде најмоќната армија во Европа доколку Западот го напушти Киев сам да ги решава прашањата поврзани со ситуацијата во Донбас, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски во интервју за странските медиуми.

– Секој треба да разбере дека било која друга земја може да биде на наше место. Доколку Украина го реши овој глобален проблем самостојно, нема да имаме друг излез освен да се претвориме во многу силна, најмоќна армија во Европа, во однос на опремата и војската. Едноставно, ќе потрошиме се што имаме на тоа – многу човечки потенцијал, многу талентирани луѓе, рече Зеленски.

Руските медиуми наведуваат дека на овој начин Зеленски одговори на прашањето на новинарите што може да се стори за да се принуди Западот да и помогне на Украина да ги врати териториите што сега не се под нејзина контрола.

Украинскиот претседател повтори дека проблемот во источна Украина е „проблем на цела Европа”.

– Западните земји мора да разберат дека војната во Украина, на границата или на привремено окупираните територии, е првиот сигнал за тоа каде таа може да избувне утре и на чија граница. Тоа е војна во Европа, но умираат Украинци, рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот