Зеленски бара поголема поддршка за украинските сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повтори очајната потреба на неговата земја од поголема воена помош.

„Оружјето со долг дострел, борбените авиони за Украина – со доволен квалитет и квантитет, и повеќе системи за противвоздушна одбрана – се клучни фактори кои влијаат на целиот тек на оваа војна“, рече Зеленски во своето видео-обраќање.

Тој претходно во понеделникот се состана со делегација на американскиот Конгрес во Киев за да разговара за натамошната помош.

Им се заблагодари на САД за континуираната поддршка против руската инвазија.

Зеленски во неделата рече дека Русија фрлила повеќе од 800 бомби во Украина за само една недела.

„На Украина и се потребни средства за да ги уништи носачите на овие бомби, вклучително и руските борбени авиони, каде и да се. Овој чекор е суштински“, вели украинскиот претседател.

„Глејд бомбите“ се тешки бомби од советската ера опремени со прецизни системи за наведување и лансирани од авиони кои летаат надвор од опсегот на воздушната одбрана.

Украина сè уште се бори да стабилизира делови од линијата на фронтот, откако очајно потребната воена помош беше одобрена од САД во април.

Зеленски ги повика земјите кои ѝ помагаат на Украина дополнително да ги олабават ограничувањата за користење на западно оружје за напади врз воени цели во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот