Зделка на денот: Ако ви треба автопат, Грција го изнајмува оној што води до Атина!

Автопат Шибеник-Загреб / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Грција планира да изнајми дел од клучниот автопат што ги поврзува Атина и пристанишниот град Елефсина на конгломератот ГЕК Терна во договор опишан како најпрофитабилен таков потег досега, јави ДПА, цитирана од БТА. Познат како Атики Одос, автопатот долг 70 километри го поврзува аеродромот во Атина во Источна Грција со Елефсина на запад.

За следните 25 години, ГЕК Терна ќе ја изнајми делницата за 3,3 милијарди евра, што е највисоката цена што некогаш ја постигнала државата, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Кога Грција беше зафатена од финансиска криза помеѓу 2010 и 2018 година, Атина беше под притисок од меѓународните кредитори да формира приватизациски фонд за да ги претвори државните средства во готовина за да ги исплати нејзините долгови. На германскиот оператор Фрапорт му беа дадени под закуп 14 регионални аеродроми на 40 години, со околу 1,2 милијарди евра, а големи делови од пристаништето Пиреја ѝ беа дадени на кинеската компанија Коско Шипинг за околу 1,5 милијарди евра.

Давањето под закуп на автопатот мора да биде одобрено од Парламентот. Сепак, ова се смета за формалност, бидејќи конзервативната партија на Мицотакис има апсолутно мнозинство, забележува агенцијата. Финансиската инјекција од ГЕК Терна ќе биде искористена за дополнително намалување на националниот долг, рече Мицотакис за време на телевизискиот состанок на Советот на министри. Во екот на финансиската криза во 2011 година, Грција собра околу 350 милијарди евра долг, но голем дел од нив исплати во последните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот