Заврши утринската емисија на „Слободен печат“ за оваа сезона

Студио на Слободен Печат / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

По 160 емисии успешно реализирани за оваа сезона, заклучно со оваа емисија ја заокружуваме програмата во живо на „Слободен печат“ којашто имавте прилика да ја гледате секој работен ден. Задоволство беше секојдневно да си посакаме добро утро и да започнуваме нов ден во вашето друштво. Со над милион прегледи во изминатите осум месеци, се надевам дека бевме вашиот избор за извор за информирање.

Со над 500 гости соговорници, директно опфаќање на актуелните теми од домашната политичка сцена, фалевме, критикувавме и бевме реален и гласен коректор онаму каде што беше потребно, поминавме низ избори, и низ најразлични проблематични настани, споделувавме убави вести, со дел од нашите гости ги разглобувавме и на најновите случувања од геополитичките збиднувања. Со сето ова верувам дека станавме ваш пријател со кој го пиевте утринското кафе.

Со нашите редовни утрински анализи, „Меѓународна анализа“, „Каде во слободно време“, „Генијалци, иноватори – општествени генератори“, осткокнувавме во медиумскиот етер. Со честите анкети се обидовме максимално да ви се доближиме и да ви дозволиме јавно да го кажете вашето мислење на најразлични теми. Ви псотавувавме и сериозни, но и забавни прашања, а со поткастот на „Слободен печат“ сакавме да ви ги разубавиме вечерните мигови.

Емисијата „Слободен печат“ ја реализира тим од 15 колеги, новинари и техника. Дел од нашиот тим беше и колегата Антон Андов кој прерано не напушти. Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени меѓу нас колегите. Секој максимално се вложуваше да ги донесе задачите професионално. нашиот заеднички мотив беше проверено, точно и брзо.

Во името на целиот тим на нашата редакција во оваа прилика би сакала да упатам благодарност за добрата соработка со нашите надворешни соработници од „Цивил медиа“.

Голема благодарност и до бутик „Дона“ кои во текот на целата сезона се грижеа за нашиот изглед.

Но пред сè, во името на целокупниот тим кој стои зад реализацијата на видео продукцискиот дел на Слободен печат да ви се заблагодарам вам почитувани гледачи како најзаслужни за нашата успешно реализирана програма. Вие сте нашиот мотив и инспирација за создавање на квалитетна содржина.

Коментарите, вашите пораки покажуваат дека вие го препознавате квалитетот, па затоа по малку и посакувам да слушнам дека ќе ви недостасуваме бидејќи на некој начин сме станале ваша навика.

Јули и август нема да се гледаме во живо, но вие и понатаму ќе можете да се информирате од вашиот омилен медиум Слободен печат, преку нашето веб издание Слободенпечат.мк, нашето печатено издание и преку профилите на Слободен печат на Фејсбук, Инстаграм, ИКС, ТИКТОК, како и мобилната апликација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот