Заврши најскапата свадба на светот: 563 милиони фунти, 20 милиони цвеќиња и 5.000 најбогати луѓе во светот

Фото: Ashish Vaishnav / Zuma Press / Profimedia

По седум месеци екстравагантни предсвадбени прослави, Анант Амбани, син на најбогатиот човек во Индија, го заврши својот долгоочекуван брак со фармацевтската наследничка Радика Мерчант пред илјадници гости, а нивната венчавка многумина ја оценија како „свадба на годината“.

Најскапата свадба во светот со 20 милиони цвеќиња, код за облекување од 18 страници и 37.500 опции за оброци ги спои младенците овој викенд пред 5.000 најбогати луѓе во светот, и чини околу 563 милиони фунти.

Младенцитесо своите гости славеа во конгресниот центар „Џио Ворлд Драјв“ (Jio World Drive) во Мумбаи, во сопственост на семејството Амбани, како дел од Фестивалот на блаженството.

Анант Амбани и Радика Мерчант / Фото: Instagram / ananthambani

Ким и Клои Кардашијан, Ник Џонас и Пријанка Чопра и поранешните британски премиери Тони Блер и Борис Џонсон беа само некои од познатите лица кои допатуваа во Мумбаи за да присуствуваат на настанот исполнет со ѕвезди. Свадбата, исто така, привлече многу од најголемите имиња во индиската забава, спорт, бизнис и политика, од боливудските ѕвезди како Раџиникант и Санџај Дут, до поранешниот претседател Рам Нат Ковинд, шефовите на министрите на различни држави и бројни членови на почитуваниот крикет тим во земјата. На списокот на гости се најдоа и музичките ѕвезди Адел, Лана Дел Реј, Дрејк, како и фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, пишува „Си-ен-ен“.

Свадбените свечености започнаа уште во март, кога семејството на младенците организираше тридневна забава на која присуствуваа 1.200 гости, меѓу кои и поранешни светски лидери, бизнисмени и ѕвезди од Боливуд, а на забавата настапи и Ријана.

Семејството Амбани, наводно, резервирало 100 приватни авиони за да прелетаат гости во Индија од целиот свет за тридневната венчавка, која се одржува на најскапото место во светот.

Секој хотел со пет ѕвезди во Мумбаи е резервиран за нивниот престој, кој го плати семејството.

Не се знае точно колку пари потрошило семејството Амбани за свадбената прослава на парот. Проценките на индустријата цврсто го ставија вкупниот износ на стотици милиони долари, при што музичките изведувачи се пријавени дека добиваат суми од седум или дури осум цифри.

Иако потрошија милиони на нивниот голем ден, Анант и Радика се очекува да добијат подароци во вредност од повеќе од 100 милиони фунти од своите гости.

Мукеш Амбани е деветти најбогат човек во светот, со богатство проценето на 116 милијарди долари, според податоците објавени од Форбс.

Младата Радика Мерчант е ќерка на фармацевтскиот бизнисмен Вирен Мерчант и е маркетинг директор на неговата компанија „Encore Healthcare“.

Најбогатиот Индиец ги носи Ријана и над илјада гости на предсвадбена забава за својот син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот