Започнуваат вистинските возбудувања на ЕП: Стартува нокаут фазата!

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

На Европското првенство денеска започнуваат вистинските возбудувања. Со натпреварот помеѓу Швајцарија и Италија стартува нокаут фазата на првенството, додека во вториот термин е се среќаваат домаќинот Германија и Данска.

Репрезентацијата на Италија не покажа премногу во групната фаза и засега впечатокот е дека Италија тешко ќе го одбрани европскиот трон, но кога „Аѕурите“ се во нокаут фазата никој не смее да ги отпипе.

Швајцарија остави добар впечатпк и по победата со Унгарија одиграа реми со Шкотска и Германија. Против домаќинот беа блиску и да слават. Германците поразот во тој натпревар го избегнаа со гол во завршницата.

Италијанците денеска имаат и проблеми со составувањето на одбраната. Одличниот Калифори е суспендиран поради жолти картони, Димарко е повреден, а Спалети потенцираше и дека Бастони е неизвесен. На другата страна поради суспензија Швајцарија не може да смта на Видмер.

Главен на центарот ќе биде полскиот судија Марчињак.

Во вториот термин Германија ќе ја има фаворитската улога против Данска која сепак не е за потценување. Одиграа и 1:1 со Англија во групната фаза. Групата Данците ја поминаа без победи без пораз, со три нерешени натпревари.

Поради жолти картони селекторот Нагелсман во Германија нема да смета на дефанзивецот Та, додека Данците од истата причина ќе биде без Хјумланд.

Овој натпревар се игра на „Вестфален“ во Дортмунд и ќе го суди англискиот судија Мајкл Оливер.

18:00 Швајцарија – Италија

21:00: Германија – Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот