Започнува реализацијата на проектот за изградба на булевар Хрватска

Фото: Град Скопје

Градот Скопје започнува со реализација на проектот за булевар Хрватска, еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината Гази Баба со Чаир и Бутел, информираат од Град Скопје. Во првата фаза ќе се изведува подземната инфраструктура, по што следи фаза на изведба од подвозникот кај Бутел до кружниот тек кај Автокоманда. Со ова сообраќајно решение се затвора вториот кружен прстен во Скопје кој ќе ги намали значително гужвите во сообраќајот.

Изградбата на булеварот Хрватска и водоводот по неговата траса се капитални проекти чија реализација е неопходна за развој на Скопје. Иако ветувани со децении досега не се преземени никакви чекори за негова реализација, а ова е првата градежна активност за реализација на овој проект, со што воедно се создаваат предуслови за надминување на предизвиците со нормалното водоснабдување за населбите Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково и Хиподром – истакна градоначалничката Данела  Арсовска.

Екипи од Градот Скопје и градоначалничката  денеска присуствуваа на отпочнувањето на градежните активности за вградувањето на игличестиот вентил на цевководот со профил Ф1600, со што ќе се постигне регулација на проток на вода кон населбата Железара, но истиот ќе овозможи и поврзување на двата магистрални водоводни цевководи, едниот со профил Ф700 на булеварот Александар Македонски и другиот со профил Ф1600 по новопроектираниот булевар Хрватска. Изградбата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот