Започнува новата сезона на утринската програма на „Слободен печат“
Октомври е убав месец за нов почеток, со огромна радост ви ја најавуваме новата сезона на информативната утринска програма на „Слободен печат“. Започнуваме во живо од утре со почеток во 9 часот. Секое утро од понеделник до петок ќе бидеме вашиот најдобар медиумски пријател на кој можете да му верувате.
Информирајте се за најновите вести преку нашите информативни блокови во 9 и во 15 и 30 часот.
Нашиот тим се состои од десетина колеги новинари, секој докажан со долгогодишна професионална работа во својата област. Со цел да ги задоволиме вашите вксуови и апетити направивме колажен формат кој ќе опфаќа теми од здравство, социјала, политика, образование, култура, спорт, забава…
Новитет во новата сезона е рубриката „Медицинско катче“, каде што ќе ги слушнете советите за вашето здравје од вашиот омилен доктор.
Дознајте ги новите случувања од домашната и меѓународната политичка сцена преку нашите секојдневни утрински анализи. Запознајте се подобро со актуелните теми од сите сфери на животот преку редовните интервјуа со еминентни имиња. Релаксирајте се со нашите содржини од културно-забавниот свет.
Се гледаме во живо на 1 октомври со почеток во 9 часот наутро на нашиот јутјуб-канал и на фејсбук-страницата на „Слободен печат“.