Започна третирањето на кучињата скитници во Тетово, заловени 4, а ги има над 500

Кучиња скитници/Фото: Слободен печат

Полициските билтени на СВР Тетово и натаму се преполни со напади од кучиња скитници.Проценките се дека во градот ги има над 500. Нивниот број од ден на ден постојано се зголемуваше оти општината повеќе од една година не ги третираше. Минатиот месец локалната самоуправа конечно започна со заловување на бездомните живототни. Досега се заловени 4 кучиња скитници.

„Фирмата што го доби тендерот се вика “Ана агро”. Веќе започна акцијата за заловување на кучиња скитници, досега има заловено 4, кои се третираат и се наоѓаат во прифатилиштето во село Ратае. На терен се оди по дојави на граѓани за агресивни кучиња. Деновиве акцијата за заловување ќе продолжи“ изјавија од Општина Тетово.

Бездомните животни се насекаде низ секое тетовско маало. Инаку на Општина Тетово соработката со Здружението „Амос шелтер“ кое залови 82 кучиња пред речиси една година им заврши. Општинските власти во неколку наврати се правдаа дека се носат кучиња скитници од другите општини во Тетово затоа и како што тврдеа бројката на бездомните животни е голема. Оттаму најавија и дека во соработка и координација со државните власти ќе изнајдат начин за заеднички пристап и решавање на проблемот.

Пред една година, општината објави и Правилник за начинот и постапката на утврдување и исплата на надомест на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња.

Целта е како што посочија оттаму, Општина Тетово да им излезе во пресрет на граѓаните, со тоа што процедурите за вакви случаи се поедноставуваат, воедно и се намалуваат, односно се избегнуваат судските трошоци, како и трошоците за извршители и адвокати.

Кучињата скитници страв и трепет низ Тетово, општината со ветување дека ќе ги згрижи во стационар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот