„Замисли” ја поздрави најавата на Владата за разрешување на раководството на М-НАВ

Фото: Влада на РСМ

Граѓанската иницијатива „Замисли” ја поздрави најавата на Владата за разрешување на целокупното раководство на М-НАВ и за ревизија на досегашното работење.

За демонстрацијата на сила преку насилничкиот упад во М-НАВ, пак, што директно ја наруши безбедноста на вработените и на авиосообраќајот на македонското небо, бараме и мора да има правна разврска и кривична одговорност. Битката за професионалност во М-НАВ е битка на сите нас, за држава на граѓаните, а против држава разбрана како сопственост на политичко – криминални групации, велат од „Замисли“.

Ако Владата не ги разреши директорите на М-НАВ, контролата на летање в среда стапува во штрајк

Доколку Владата остане доследна на најавите, од граѓанската иницијатива велат дека ќе се покаже како пример за организиран и обединет отпор од професионалци поддржан од јавноста што може да предизвика сериозни системски промени и да ги поттикне на акција носителите на одлуки.

Битката за професионалност во М-НАВ е битка на сите нас, за држава на граѓаните, а против држава разбрана како сопственост на политичко – криминални групации. Таа битка се води постојано и не треба да се чекаат криминални и насилни упади или ескалација на состојбите за да се преземат мерки, особено ако се има предвид дека Синдикатот алармираше за овие процеси од многу одамна. Овој Синдикат, воедно стана и симбол на професионален интегритет и пример за пркос против партизацијата, која освен што ги подрива институциите, почна да биде и директна закана за безбедноста и животот на граѓаните, се додава во соопштението.

Владата на седница во вторник ќе го разреши Управниот одбор на М-НАВ и ќе бара истрага за работата на раководството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот