Заминување на вистинска легенда: Крис Кристоферсон почина на 88-годишна возраст

Крис Кирстоферсон / Фото: Инстагам/Крис Кирстоферсон

Американскиот кантри пејач Крис Кирстоферсон, добитник на бројни награди и признанија, почина на 88-годишна возраст. Според претставници на неговото семејство, Кристоферсон починал мирно во својот дом на Хаваи, опкружен со семејството.

Заедно со сите негови достигнувања, Кристоферсон ќе остане најпознат на светската јавност како човекот кој стои зад песната „Me and Bobby McGee“ на славната Џенис Џоплин и „Help Me Make It Through the Night“.

Љубителите на филмот ќе го паметат и по неговите улоги во бројни филмови, вклучувајќи го и хит филмот „Ѕвездата е родена“ („A Star is Born“) од 1976 година. Во поновата адаптација на тој филм, Бредли Купер и Лејди Гага блеснаа во главните улоги.

„Ви благодарам што го сакавте сите овие години, а кога ќе видите виножито на небото, тоа е тој што ви се смешка“, се вели во соопштението на неговото семејство.

Кристоферсон е роден во Браунсвил, Тексас на 22 јуни 1936 година. Тој е член на Куќата на славните на кантри музиката од 2004 година.

Зад себе ја остави сопругата Лиза, осум деца и седум внуци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот