Заменикот на Лавров во Белград – се разговарало за безбедносни прашања меѓу Русија и Србија

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко денеска во Белград оствари средби со министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и вицепремеирот Александар Вулин, а разговарано е за безбедносни прашања меѓу Русија и Србија.

На средбата со Дачиќ, Грушко ја изрази руската поддршка за Србија во зачувувањето на стабилноста и безбедноста и ја истакна важноста на иницијативите за борба против тероризмот, организираниот и сите други видови криминал, соопштија од МВР.

Во него се додава дека Дачиќ и Грушко разговарале за актуелни безбедносни прашања и ја изразиле потребата од континуирана координација на надлежните безбедносни институции.

-Разговарано е и за продолжување на билатералната соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на натамошно интензивирање на соработката во областа на внатрешните работи, особено на вонредните ситуации, соопштија од МВР.

На средбата било оценето дека односите меѓу двете земји на полето на внатрешните работи се интензивни и дека се одвиваат на повеќе различни нивоа, преку размена на информации и криминалистичка соработка меѓу полициите на двете земји во борбата против организираниот и сите други видови криминал.

Со заменик министерот за надворешни работи на Русија денес средба имаше и вицепремиерот на Србија и поранешен шеф на агенцијата за разузнавање (БИА) Александар Вулин, кој е на списокот на санкции на САД.

-Вулин и Грушко се согласија дека соработката меѓу двете земји, која се заснова на пријателство и меѓусебно почитување, е на исклучително ниво во сите области, и ја истакнаа посветеноста за натамошен развој на политичката, безбедносната и економската соработка, се наведува во соопштението од канцеларијата на Вулин.

Во него се додава да Вулин и се заблагодарил на Русија за нејзината принципиелна поддршка во зачувувањето на националните интереси и територијалниот интегритет на Србија, како и почитувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот