Залуден пи-ар на Израел, реалните бројки се неумоливи – бројот на туристи е драстично намален!

Иако Израел се обидува на јавноста да ѝ ја претстави сликата дека војната во Газа не ја потресе значително земјата, податоците во реалноста го негираат ваквиот став на Владата, а тоа особено се однесува на туризмот. Според израелските медиуми, во првата половина на 2024 година, бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесувал четвртина во однос на истиот период во 2023 година, објави Кликс.ба.

„Во првата половина на 2024 година во Израел пристигнале 501.000 туристи, во споредба со 2,1 милиони во истиот период во 2023 година. Во текот на месец јуни бројот на странци кои влегле во Израел бил само 97.700 во споредба со 355.200 во истиот месец минатата година“, покажува статистиката. Се намалил и бројот на Израелци кои решиле да патуваат во странство. Според статистичките податоци, во јуни 2024 година, 757.000 Израелци решиле да патуваат, додека во истиот период во 2023 година таа бројка изнесувала 979.400.  Во првата половина на 2024 година, три милиони Израелци ја напуштија земјата во споредба со 4,5 милиони во истиот период во 2023 година“, се заклучува во статистичката анализа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот