Закрепнувањето на Фицо ќе оди многу долго

Роберт Фицо / Фото Lenoir/EUC / Zuma Press / Profimedia

Закрепнувањето на премиерот на Словачка Роберт Фицо, по обидот за убиство, ќе потрае „исклучително долго“, изјави денеска словачкиот вицепремиер Роберт Калињак, цитиран од француските медиуми.

Истовремено, болницата во која се лекува Фицо ја дефинира состојбата на премиерот како „задоволителна“.

Словачкиот премиер беше застрелан на 15 мај, по состанокот на владата во градот Хандлова, во централна Словачка. На премиерот му беа извршени две хируршки интервенции, кои траеја неколку часа, во болница во градот Банска Бистрица, каде тој се уште се наоѓа.

„Закрепнувањето на премиерот конечно е на вистинскиот пат. Закрепнувањето ќе биде исклучително долго бидејќи неговите повреди се многу сериозни“, рече Калињак по состанокот на словачката Влада, истакнувајќи дека премиерот сега може да јаде.

Според Ерик Калињак, шеф на сите советници на премиерот, кој бил сведок на пукањето врз Фицо, премиерот ја избегнал смртта „за милиметри“.

Од болницата во Банка Бистрица денеска изјавија дека „лекувањето на премиерот продолжува според планираното и состојбата на пациентот е задоволителна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот