Законот за правда за децата на дневен ред на владина седница

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Како што информира владината прес-служба, на предлог на Министерството за одбрана министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за ажурирана Нацрт Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и информацијата за учеството на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јули – 31 декември 2019 година.
Како што информира владината прес-служба, на предлог на Министерството за одбрана министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за ажурирана Нацрт Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.
На денешната седница е точката со информација со анализа за примената на Законот за правда за децата, што ќе ја презентира Министерството за правда, како и информацијата за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на мониторинг на водите во Република Северна Македонија.
На предлог на Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија” (ЕСМ), во државна сопственост, Владата денеска ќе донесе мислење за финансискиот план, за годишната инвестициска програма и за годишниот план за јавни набавки на АД ЕСМ за 2020 година.
На седницата ќе се разгледа и годишната програма за работа за 2020 година, како и информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка” на Агенцијата за млади и спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот