Закани до редакцијата на Танјуг: Секој новинар што ќе стапне на Косово ќе добие куршум во глава

Фото: rs.n1info.com

Српската новинска агенција Танјуг добила заканувачки писмо испратено од лице потпишано како Трим Барди на нејзината уредничка електронска пошта, во кое се наведува дека секој новинар на таа новинска агенција „ќе добие куршум во задниот дел од главата“ ако стапне на Косово, јавија српските медиуми.

Во мејлот во кој заканата е испратена до Танјуг, се наведува дека „неодамна, пропагандистичката, шовинистичка машинерија наречена „Танјуг“ станува сè поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот и воинот Александар Вучиќ.“

„Само да знаете дека секојдневно ги следиме лагите што ги ширите за државата Косово и Албанците, исто како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција на Косово. Бидете сигурни дека еден од нив ќе добие куршум во задниот дел од главата следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово“, се наведува во заканата.

Од Танјуг соопштија дека ги известиле сите надлежни служби од кои очекуваат да реагираат во врска со смртната закана до новинарите на таа агенција.

ОД Српската канцеларија за Косово со осуда.

„Заканите кон новинарите и медиумските работници на Танјуг се недозволиви и мора да се сфатат сериозно. Ваквите монструозни смртни закани кон новинарите на Танјуг се токму последица на атмосферата на омраза и насилство што режимот на Курти намерно и систематски го создава на Косово и Метохија“, се наведува во соопштението на Канцеларијата.

Од канцеларијата додаваат дека меѓународните претставници се должни, не само во име на безбедноста на загрозените, туку и во име на демократијата и владеењето на правото, да преземат итни мерки за испраќачот на застрашувачка закана за новинската агенција Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот