Захарова за налогот за апсење на Путин: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд не важат за Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави денеска дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, објави Захарова на Телеграм.

Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.

„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воени злосторства извршени во Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин, обвинет е за киднапирање деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот