Захарова: Украина е подготвена да тргува со органите на нивните војници за воена помош од Западот

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург изјави дека Украина е подготвена да „тргува со органите на својот народ во замена за воена помош од Западот”.

Таа додаде дека Киев брзо ја претвора земјата во глобален центар за трговија со човечки органи, пренесува руската државна новинска агенција „ТАС”.

„Режимот во Киев е подготвен да даде сè за воената помош што ја добива. Сега стигна дури и до човечките органи на украинските граѓани. Веројатно ќе дојде време кога Украина ќе ја разбере вистинската причина зошто нејзините таканаречени американски и европски пријатели се грижат за ова. Но, нема да биде доволно брзо. Сепак, подобро доцна отколку никогаш“, рече таа.

„Буквално ја зедоа државата под нож, но ќе биде доцна да се каат. Пациентот веќе ја потпишал согласноста за операција. Релевантните меѓународни организации ги игнорираат овие очигледни и криминални појави“, додава таа.

Таа смета дека западните земји се главните корисници на нелегалната практика на трансплантација во Украина.

Според Захарова, бизнисот со илегални операции за трансплантација напредува благодарение на големите загуби што ги претрпуваат украинските сили на фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот