Захарова тврди дека американскиот притисок врз Србија ќе се зголеми доколку воведат санкции кон Русија

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова преку „Телеграм“ реагираше на изјавите на српскиот министер за економија Раде Баста дека постои можност Србија да воведе санкции кон Русија.

Засега ова е прва отворена изјава за санкции на владин претставник по инвазијата на Украина и отстапување од официјалната позиција на Белград.

„Србија веќе плаќа висока цена што не воведува санкции против Русија и тоа станува неодржливо“, рече министерот Баста.

„Српскиот министер за економија Раде Баста има чудно размислување кога вели дека Србија треба да воведе санкции кон Русија“, напиша Захарова на Телеграм.

Портпаролката на руското министерство додаде дека Русија, за разлика од САД, отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ. „Очигледно е дека со воведувањето санкции против Русија, притисокот на САД врз Србија нема да исчезне, туку само ќе се зголеми“, напиша Захарова.

Дачиќ вели дека СПС не е за воведување санкции кон Русија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот