Захарова со остра порака до западните сили: Ќе запре мешањето во внатрешните работи на Русија

Фото: МИА

„Западните земји спроведуваат масовна антируска кампања со цел дестабилизација на политичката ситуација во Русија, сепак, Москва несомнено ќе ги отфрли ваквите обиди“, изјави вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Кристално е јасно дека провокациите против Русија се случуваат на големо ниво со цел да се мешаат во внатрешната политика на нашата земја и да се обидат да ја дестабилизираат. Таквите обиди се осудени на пропаст. Верувам дека нашите колеги од Запад го разбираат тоа“, додаде Захарова, пренесе руската агенција ТАСС.

Таа изрази револт затоа што креаторите на идејата во кампањата се обидоа да ги вклучат тинејџерите во нивните интриги и истовремено да користат малолетни лица како „жив штит“.

„Ова е неприфатливо. Таквото мешање во внатрешните работи на Русија ќе биде запрено“, заклучи Захарова.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот