Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО за да се обвини Русија

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани” од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз.

– Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.

Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.

– Во овој случај, ми се чини дека фактот што овие изјави (за Русија) беа дадени во првите минути по појавувањето на овие материјали не остава сомнеж за тоа кој ја „нарачал” оваа приказна”, оцени Захарова.

Руското МНР вчера, исто така соопшти дека снимките и видеата кои укажуваат на воени злосторства се „провокација” и оти ниту еден жител на Буча не настрадал од насилство извршено од руски војник.

ВИДЕО | Атовска од Украина: Ужас во Буча – расфрлани тела, убиени цивили, обид за масовни гробници

Дали масакрот во Буча за Русите ќе прерасне во нов Рачак?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот