Захарова : Санкциите не успеаја, следи западна пропаганда дека Русија ќе употреби биолошко оружје

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека поради фактот што западните санкции не успеаја против Русија, Америка сега се префрла на план за употреба на оружје за масовно уништивање во Украина, за кои според неа Вашингтон и Киев се спремни да го „подметнат“ во локациите контролирани од руските сили во земјата.

Ова меѓудругото го напиша Захарова на Телеграм потенцирајќи дека постојат податоци на руското министерство за одбрана кои докажуваат дека Вашингтон и НАТО партнерите преминале во завршна фаза на провокациите во Украина, кои ќе имаат за цел на светот да му „докажат“ дека Русија употребува отровни воени супстанци и биолошко оружје.

„Причината е јасна. На светот му беа откриени шокантни детали за нелегалната соработка меѓу САД и актуелната украинска администрација во областа на бактериолошкото оружје – напиша Захарова.

Според неа, еден таков обид веќе се случил пред два дена, кога украински дрон наводно фрлил контејнер со ампули со непозната супстанца, кој требало да предизвика експлозија, но тоа не се случило.

Руската агенција ТАСС пишува дека Вашингтон развива три сценарија како да го спроведе планот во кој Русија би се обвинила за употреба на хемиско оружје на боиштата во Украина.

Од друга страна Белата куќа на неколку пати досега предупреди од можноста Русија да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да конструира негова наводна употреба од украинска страна.

Портпаролката на американскиот претседател Џо Бајден, Џен Псаки преку Твитер потенцираше дека со ширење лажни информации, Русија го подготвува патот за натамошно ескалирање на неоправданата агресорска војна во Украина.

ФОТО – Архива : Портпаролка на американскиот претседател Џо Бајден, Џен Псаки

„Русија притоа следи јасна шема на однесување  или за самата да употреби оружје за масовно уништување, или да инсценира, односно да прикаже лажен напад од страна на Украина, сѐ со цел да конструира оправдување за продолжување на војната, напиша Псаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот