Захарова: САД не може да поучува никого за почитување на човековите права

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Стејт департментот на САД не може да поучува никого за почитување на човековите права при бран полициска бруталност кон новинарите кои известуваат за протести во оваа земја, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесе Тасс.

Таа ова пособно го потенцира затоа што американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе треба да одржи средба со преживеаните од протестот на плоштадот Тијанамен во Пекинг .

-Од прозорецот на Стејт департментот во Вашингтон можете да го видите масакрот на полицијата врз демонстрантите на плоштадот Тијананмен, но се прашувам дали американскиот државен секретар ќе има нешто да им каже на своите гости и за американските достигнувања на полето на заштитата на човековите права, се запраша Захарова.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи истакна дека во овој момент САД можат да се пофалат само со незаконски и брутален третман кон новинарите, кои секојдневно се бомбардирани со солзавец и со салви од гумени куршуми од полициските пушки.

-Тие можат да се гордеат што повеќе од 100 американски и странски новинари беа подложени на вознемирување од рацете на американската полиција, заклучи Захарова.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи ги повика релевантните меѓународни организации да одговорат на зголемениот број случаи на полициско насилство врз новинари кои ги покриваат протести низ САД, како и на систематското кршење на човековите права. во Америка, што доведе до масовни протести низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот