Захарова: Настаните во Косово се развиваат според сценарио од лошо кон полошо

Марија Захарова / Фото: Архива

Русија е загрижена поради зголемената тензија во Косово, предизвикана од неодговорните постапки на Приштина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави дописникот на МИА од Белград.

– Очигледно е дека настаните се развиваат според сценарио од лошо кон полошо, истакна Захарова во коментарот објавен на веб страницата на руското МНР.

Таа посочи дека формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), замислено како начин да се гарантира почитување на правата и интересите на косовските Срби, останува „мртва буква на хартија” поради саботажа на Приштина.

Захарова оцени дека Приштина сака да воспостави целосна контрола на територијата на целата провинција, со помош на репресивниот апарат на самопрогласената косовска „држава”.

Таа смета дека постапките на Приштина не наидуваат на соодветна оценка или опомена во Брисел, кој е овластен да помогне во потрага по решение за проблемот меѓу Белград и Приштина, како ни во Вашингтон.

Според неа, силите на НАТО во Косово и Мисијата на ЕУ за владеење на правото ги имаат неопходните мандати за да го спречат беззаконието, и затоа носат целосна одговорност за заштита на цивилите, обезбедувајќи мир и безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот